Асанж: Руските власти не го испитувале Сноуден

Од:

Основачот на Викиликс, Џулиан Асанж, денеска ги негираше шпекулациите дека руските власти го испитувале одбегнатиот службеник на ЦИА, Едвард Сноуден, изјавувајќи дека Русите „ добро се однесувале“.

Асанж изјави дека персоналот на Викиликс бил крај Сноуден откако тој го напуштил Хонг Конг и пристигнал на московскиот аеродром Шереметјево, на 23 јуни, каде во транзитната зона мина околу пет недели, за на 1 август да добие привремен едногодишен азил во Русија, пренесоа француските медиуми.

-Од Хонг Конг за цело време имаме некого крај него, рече Асанж во интервју за австралискиот онлајн весник „Ферфакс медиа“.

Основачот на Викиликс изјави дека Русија отсекогаш била побезбедениот избор отколку Хонг Конг и Викиликс смета дека во одреден момент Хонг Конг би можел да го екстрадира Сноуден на САД и во меѓувреме да го притвори.

Запрашан дали Сноуден бил испитуван од руските служби за безбедност, Асанж рече дека тоа не е направено.

Персоналот на Викиликс „одблиску ја набљудуваше ситуацијата и руските власти добро се однесувале“, изјави Асанж.

Сноуден во САД е обвинет за шпиунажа бидејќи на медиумите им откри детали за американската тајна програма за електронски надзор на граѓаните, што ја спроведува Националната агенција за безбедност (НСА).

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори