Асанж прогласен за непријател на Америка

Од:

Американската армија го означи основачот на Викиликс Џулијан Асанж како непријател на државата, произлегува од неодамна објавените документи на разузнавачката служба на американските воздухопловни сили, пренесуваат австралиските медиуми.

Секој припадник на армијата кој контактира со Викиликс или со неговите поддржувачи ризикуваат да бидат обвинети за “комуникација со непријателот”, кривично дело кое во најлош случај повлекува и “смртна казна”, се наведува во документите кои се објавени сходно американскиот закон за слобода во информирањето.

Асанж е сместен во иста правна категорија како терористичката мрежа Ал Каеда и Талибанците, наведува ‘австралиски весник “Ejdž”.

Мајкл Ратнер, американскиот адвокат на Џулијан Асанж кој е австралиски државјанин, вели дека етикетирањето на Викиликс и Асанж како непријател, може да има сериозни импликации за Асанж ако биде екстрадиран во САД, бидејќи со непријателите постапува во согласност со воените закони.

Асанж на 19 Јули побара азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон откако ги исцрпи сите опции во рамките на британското судството за да избегне екстрадиција во Шведска каде што е обвинет за силување и сексуално злоставување.

Тој тврди дека случајот во Шведска е само дел од заговорот да му се суди во САД поради неговата работа на Викиликс, кој објави голем број на тајни американски документи, иако Шведска и Вашингтон негираа.

Основачот на Викиликс се обрати вчера преку видео линк на претставниците на Обединетите нации и при тоа го критикуваше претседателот Барак Обама за поддршката на слободата на говорот на Блискиот Исток, додека во исто време го “прогонува” Викиликс поради објавување на тајните дипломатски телеграми.

Тој истакна дека Обама, кој ја бранеше слободата на говорот во арапскиот свет во текот на својот говор во ОН во вторникот “, има направено повеќе за криминализација на слободата на говор од било кој друг американски претседател.”

Еквадор соопшти дека е подготвен да му обезбеди ако е потребно долгогодишно засолниште на Асанж во амбасадата во Лондон.

„Нема да ја промениме нашата одлука”, им изјави министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патино на дипломатите, официјалните лица и новинарите на состанокот на Организацијата на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија