Асанж побара азил од Еквадор

Од:

Основачот на Викиликс, Асанж побара политички азил од амбасадата на Еквадор во Лондон, јавува СНН. Таа информација ја потврди и Викиликс и министерот за надворешни работи на Еквадор.

„Џулијан Асанж побара политички азил и сега се наоѓа под заштита на амбасадата на Еквадор“, соопшти Викиликс, преку Твитер.

Властите на Еквадор наведоа дека Асанж ќе остане во амбасадата се додека неговото барање не се разгледа.

„Одлуката да го разгледаме барањето на Асанж не треба да се сфати како мешање на владата на Еквадор во судските процеси кои се водат против него во Шведска и Велика Британија“, се вели во соопштението.

Асанж, кој беше уапсен на седми декември 2010. година во Лондон, ги отфрла обвинувањата дека, додека бил во посета на Стокхолм, сексуално нападнал две жени.

 

 

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска