Асанж официјално кандидат на парламентарните избори во Австралија

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска поднесе молба до изборната комисија на австралиската држава Викторија, за да биде регистриран како кандидат за пратеник во Сенатот, изјави Сам Кастро, портпаролот на Австралискиот граѓански сојуз за поддршка на Викиликс.

Таа наведе дека раководството на новоформираната партија Викиликс ќе разговара за официајлно регистрирање на новата политичка партија во Австралија.

За регистрација неопходно е 500 регистрирани гласачи да пополнат молби за членство. Асанж претходно изјави дека во Австралија има голем број луѓе кои се подготвени да ја поддржат новата политичка партија.

Асанж во моментот живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се крие од јули минатата година, за да ја избегне екстрадикцијата во Шведска каде е обвинет за силување.

– Основен елемент на предизборната платформа на австралиската партија Викиликс ќе биде апелот за „отвореност и одговорност во дејствувањето на владата“ и заштита на граѓанските права, посочи Кастро.

МИА

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски