Асанж нема да се предаде на британските власти

Од:

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж изјави денеска дека нема да им се предаде на британските власти и ќе продолжи да се спротивставува на судската одлука за екстрадиција во Шведска.

Во изјава за Би-Би-Си, тој рече дека нема да се јави на денешното сослушување во полицијата, нагласувајќи дека „законот за азил е поважен и посилен од законот за екстрадиција“, па затоа тој нема намера да излезе од еквадорската Амбасада.

Асанж (40) на 19 јуни побара засолниште во зградата на дипломатската мисија на Еквадор во центарот на Лондон, откако претходно избега од станот што судски му беше определен за живеење, додека беше условно ослободен во тркот на судската постапка околу екстрадицијата.

Скотланд Јард со служебно писмо ја извести Амбасадата на Еквадор, дека Асанж треба да се јави денеска на пладне во полициската станица во центарот на Лондон на сослушување.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори