Асанж на судење преку видео-линк

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска кратко се појави во судницата во Лондон преку видео-врска од затворот Белмарш.

Асанж се соочува со 18 точки за шпионажа во САД, вклучително и здружение за хакерство во државни компјутери. Ако биде прогласен за виновен, тој би можел да биде осуден на повеќе децении затвор.

Асанж само го потврди своето име и возраст пред судот и ќе остане во затвор до следното рочиште на 21 октомври.

„Се надевам дека можеме да постигнеме напредок во овој случај“, рече судијата Тем Икрам во обраќањето до Асанж на крајот на петминутното рочиште во лондонскиот суд.

Асанж се засолни во Еквадорската амбасада во Лондон во 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска, каде беше обвинет за силување, за што тој негира и смета дека ќе биде испратен во САД.

Откако Еквадор му го одзеде азилот, Асанж беше уапсен. Тој беше осуден на 50 дена затвор за кршење на условите за кауција.

Асанж ја издржа оваа казна минатиот месец, но тој сè уште е во затвор, бидејќи процесот за неговвата ектрадиција во САД е во тек.

Рочиштето за негова евентуална екстрадиција ќе започне на 25 февруари следната година.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година