Асанж: Криптографијата како начин за одбрана од мрачните сили

Од:

Мрачни сили се надвиснале над интернетот и државните агенции и големите компании располагаат со многу информации за граѓаните. Единствено оружје на слободните луѓе е нивно соединување во заеднички фронт за слобода на интернетот, но и примена на сериозни криптографски техники, смета основачот на Викиликс, Џулијан  Асанж.

Во интервју за издавачот во Србија „Албион Вукс“, кое го пренесува весникот „Данас“, Асанж истакна дека интернетот станал закана за човечката цивилизација.

– Како што човечката цивилизација навлегувала во интернетот, истовремено и интернетот продираше во самата срж на нашата цивилизација. Нашата меѓучовечка, работна и државна комуникација е испреплетена на ист начин како што во нашето тело се испреплетени вените и артериите. Болеста која го зафати интернет го зафати и секое наше општество одделно, како и целата цивилизација, истакна Асанж.

Тој рече дека постојат два начини на борба.

Првиот е својот начин на комуникација да го прилагодиме на ризиците кои постојат, да бидеме многу внимателни во комуникацијата и врските кои се случуват во онлајн светот, да бидеме свесни дека сите тие информации ги собираат големите држави како САД и им ги испраѓаат на државните агенции но и корпорациските партнери кои се поврзани со разузнавачките агенции и другите држави.

Вториот начин, смета Асанж, е применување на криптографска технологија која штити и од најмоќните држави.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска