Асанж ќе ја тужи за клевета премиерката на Австралија

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж најмил адвокати да поднесат тужба за клевета против австралиската премиерка Џулија Гилард, јави денеска интернет страницата на Radio Australia.

 Според мислењето на Асанж, зборовите на премиерката Џулија Гилард искажани во 2010-та година, негативно се одразиле врз одржливост на организацијата. Тогаш австралиската премиерка го осуди објавувањето на доверливите материјали на интернет страницата на Викиликс, нарекувајќи го „крајно неодговорно” и „нелегално”.

Набрзо по изјавата на Гилард, банкарскиот систем за плаќање MasterCard воведе забрана за пренесување донации за проектот на Асанж до сите иматели на платежни картички од ваков вид во Австралија. Според Асанж, компанијата MasterCard, ја наложила забраната, водејќи се од коментарите на австралиската премиерка.

„Ние одлучивме да поднесеме тужба за клевета, па затоа најмив адвокати во Сиднеј и тие ќе ја испитаат можноста за поднесување тужба против Гилард за нејзината изјава”, ја цитира радиото, изјавата на Асанж.

Радиото повикувајќи се на група на активисти од движењето Getup!, пренесува дека Асанж ја обвинува владата на својата татковина и за тоа што таа не му ја обезбедила потребната поддршка.

„Не видов ниеден претставник на австралиската амбасада и конзулат кога седев во затвор во 2010-та година, и сето што го сторија беше што донесоа пенкала, тетратки и уште некои дребулии”, ги цитираат зборовите на Асанж.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска