Џулијан Асанж, основач на Викиликс ќе се кандидира за место во австралискиот Сенат за време на овогодишните избори, објави Вилиликс.
Мајката на Асанж, 41-годишната Кристин Асанж истакна дека тој ќе биде одличен во таа улога, јавија локални медиуми. Асанж минатата година објави дека планира да регистрира Викиликс партија. За тоа му е потребна поддршка од 500 гласачи.
Асанж со месеци се крие во Амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне испорачување во Шведска каде се бара заради наводно сексуален напад.