Асанж има проблем со белите дробови

Од:

Основачот на Викиликс и поранешен австралиски хакер, Џулијан Асанж има хронични проблеми со белите дробови, поради што му е потребно лекување и лекарско надгледување на неговата состојба, соопшти Амбасадата на Еквадор, јави дописникот на МИА од Лондон.

Еквадорскиот амбасадор Ана Албан изјави дека причина за проблемите со белите дробови што ги има Асанж е неговото долго престојување во затворена просторија и неможноста да излегува на свеж воздух. Таа рече дека ќе побара од британскиот Хоум oфис да му се дозволи слободно излегување и пристап до некоја од лондонските болници.

Асанж доби азил од Владата на Еквадор, во август годинава, откако во јуни годинава, побегна од куќата во која му беше определно да живее и се скри во Eквадрската дипломатска мисија, за да не биде екстрадиран во Шведска, каде е осомничен за силување и сексуално насилство врз две жени. Тој го негира ваквото обвинување и инсистира дека е „жртва на монтиран политички процес“ за да се казни за нелегалното објавување на доверливите документи на Владата на САД.

Асанж неговите адвокати, како и еквадорските власти тврдат дека по префрлањето во Шведска, веднаш ќе биде екстрадоран во САД, за да му се суди. Американските власти го демантираат тоа, објаснувајќи дека нема никакво барање за апсење и приведување на Асанж.

Британските власти остануваат на својата поранешна одлукла дека Асанж не може да има слободен премин до некој лондонски аеродром за да може да замине во Еквадор, како и дека веднаш ќе биде уапсен доколку излезе од зградата на Амбасадата во која сега се крие. Тој ќе биде уапсен за повреда на одредбите за пуштење од притвор со кауција и доколку се обиде да излезе за да оди во некоја болница.

Еквадорската амбасадорка смета дека на Асанж му е потребно „постојано надгледување“ од лекар, тврдејќи дека неговата состојба може да се влоши во текот на зимата, затоа што веќе долго време е без свеж воздух и сонце.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска