Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж холивудскиот филм кој се снима за него го нарече „Голем пропаганден напад“ врз него и неговиот сајт и оружје за поддршка на „огновите на војна“ против Иран.
Студиото „Драмворкс“ неодамна соопшти дека почна снимањето на филмската драма за Џулијан Асанж и неговиот Викиликс вебсајт и според зборовите на режисерот, Били Кондон, нема да му суди на поранешниот хакер и неговото влијание.
Холивудското студио соопшти дека филмот „The Fifth Estate“ со британскиот актер, Бенедик Камбербач во улогата на Асанж, премиерно ќе биде прикажан во американските кина во ноември 2013 година.