Асанж би се предал на САД доколку му се гарантираат правата

Од:

Основачот на Викиликс, Жулијан Асанж го прекрши своето ветување дека би се предал на САД, доколу Челси Менинг биде помилувана.

Помилувањето на Менинг беше една од последните одлуки на поранешниот американски претседател Барак Обама, но сепак Асанж не се предаде. Тој смета дека условите според кои е помилувана не се такви какви што се надевал, бидејќи таа ќе биде ослободени четири месеци по нејзиното помилување.

Асанж веќе неколку години живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што има азил. Имено, тој е баран од Шведска, каде што е обвинет за силување.

Тој верува дека Шведска би го предала на властите во САД под обвинение за шпиунажа, што спроед Асанж би било политички мотивирано.

Асанж во интервју за британските медиуми рекол дека неговите адвокати се во контакт со американскат влада и дека се обидуваат до дојдат до некој договор.

„Им пристапивме на Министерството за правда, но се уште немаме одговор. Топката е на нивна страна. Доколку целиот проблем ќе се реши со моето одење во САД, тогаш може да разговараме за некаков договор, но моите права мора да бидат заштитени“ изјавил Асанж.

Австралиецот се осврна и на улогата на Викиликс во изборите во САД, бидејќи токму тие ги објавија преписките на Хилари Клинтон и на Демократската партија, за кои се верува дека биле набавени преку руски хакери. Тој тврди дека Викиликс ги објавил само изворните зборови на демократскиот кандидат за претседател и нејзиниот тим.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени