Асад: Сирија може да пропадне ако не победи нејзината коалиција со Русија

Од:

Сирија би можела да пропадне, доколку во граѓанската војна против тероризмот во земјата не победи коалицијата на Владата во Дамаск со Русија, Ирак и Иран, изјави сирискиот претседател Башар ел Асад.

– Ако не победиме, тоа ќе предизвика ужасни последици за Блискиот Исток, бидејќи целиот регион може да биде разорен, изјави Асад во интервју за иранската државна телевизија, чии делови беа објавени на налогот на Твитер на сириската Влада.

Асад во интервјуто нагласува дека верува оти таквата коалиција има големи шанси за победа, иако признава дека веројатно за тоа ќе биде платена висока цена.

Тој натаму ги критикува нападите на меѓународната коалиција предвона од САД на сириска територија, но сепак ги повикува западните земји да се приклуат кон оваа четиристрана коалиција на Сирија, Русија, Иран и Ирак.

– Ако тие го направат тоа сериозно и искрено и ако конечно запрат со поддршка на терористите, за брзо време ќе постигнеме резултати, вели Асад во интервјуто.

Околу барањето на Западот за негово заминувње од власта, Асад нагласува дека каков политички систем ќе има во Сирија и кој ќе биде на власт е внатрешна работа на земјата, за која ќе решаваат самите Сиријци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети