Асад: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир

Од:

Сирискиот претседател Башар ел Асад изјави дека е подготвен да поднесе оставка на функцијата, доколу тоа донесе мир во Сирија, објави информативниот сајт „Вестник Кавказа“.

– Секоја одлука на сирискиот народ во врска со иднината на земјата ќе биде задолжителна, како за Владата на Сирија, така и за мене како претседател. Сириските власт ги поддржуваат сите политички мерки паралелно со борбата против тероризмот, изјавил Асад.

Според сајтот, Асад рекол дека клучен елемент за иднината на Сирија е волјата на сирискиот народ, па од таму и тој е подготвен „да се откаже од власта, ако тоа им донесе мир на народот и на земјата“.

– Ало моето повлекување е решение на проблемот, јас без сомнение ќе го направам тоа, рекол Асад.

„Вестник Кавказа“ оценува дека и покрај ваквиот став на Асад, во мементов е тешко да се зборува за политичко решение на кризата во Сирија, од причина што таа „се сочува со закана од тероризмот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети