Асад: Кризата во Египет претставува крах на политичкиот ислам

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека масовните протести против египетскиот претседател Мохамед Морси, кој беше соборен од власт од армијата, го означуваат крајот на политичкиот ислам.

– Случувањата во Египет го претставуваат крахот на политичкиот ислам, истакна Асад во интервјуза државниот весник „Ал Саура“.

– Насекаде во светот секој, кој ја користи религијата за политички цели или за да се стекне со корист на сметка на други, е осуден на пропаст, нагласи сирискиот претседател во интервјуто, чии делови се објавени на неговиот Фејсбук профил.

Непријателството меѓу режимот во Дамаск и движењето Муслимански браќа трае со години. Во Сирија членството во ова исламистичко движење од ’80-те години на минатиот век се казнува со смрт.

Сирискиот огранок на Муслимански браќа игра важна улога во националната коалиција на сириската опозиција, која е призната за легитимен претставник на сирискиот народ од над сто држави и организации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети