Асад ги ослободи војниците од плаќање на ратите од кредитите

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад ги ослободи мобилизираните војници од плаќање на ратите за кредит и од сите казни за задоцнето плаќање за време на нивната служба, соопшти сириската државна новинска агенција САНА.

Со указот Асад најверојатно сака да го подигне духот на војниците и да спречи дезертирање од военото поле.

Меѓународниот институт за стратешки истражувања тврди дека бројот на сириски војници е намален речиси за половина и изнесува околу 110.000 војници, поради дезертирање и загубите на военото поле.

Во март 2012 година сириските власти воведоа построги ограничувања за мажите кои сакале да ја напуштат земјата, за да спречат бегства на припадниците на резервниот воен состав.

Оттогаш Асад им дозволи и на борците на либанската шиитска организација Хезболах и на членовите на провладината милиција да и помагаат на армијата во воените операции.

Сириската централна банка им дозволи на банките да продаваат странска валута со цел да се запре падот на националната валута во однос на американскиот долар.

До крајот на 2011 година сириските граѓани имаа право да купуваат до 5.000 американски долари, ако ги доставеа неопходните документи, а сега имаат право на 500 долари. На почетокот од месецот Асад забрани секакви трансакции во странска валута.

Во изминатите 28 месеци од почетокот на конфликотот, сириската фунта изгуби три четвртини од вредноста во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија