Ариел Анри е новиот премиер на Хаити

Од:

Властите на Хаити ја одобрија новата влада во земјата, предводена од Ариел Анри, кого убиениот претседател Жовенел Моиз го назначи за премиер два дена пред атентатот, пишува официјалниот весник на републиката „Монитор“.

„Членови на кабинетот на министри: Ариел Анри е премиер. Советот на министри, чиј претседател е премиерот, има извршна власт се додека не се избере нов претседател“, се наведува во текстот.

Анри, исто така, ќе биде и министер за труд и социјала политика. По убиството на Моиз, вршителот на должноста премиер, Клод Џозеф беше унапреден во министер за надворешни работи и религиозни прашања во новиот кабинет. Владата на Хаити објави на Твитер дека церемонијата на инаугурација на нејзините членови ќе се одржи на 20 јули, во главниот град Порт-о-Пренс.

Анри истакна дека тој ќе ја води Републиката до новите избори, нагласувајќи дека не ја смета сегашната влада за целосна. Претседателските и парламентарните избори на Хаити се закажани за 26 септември, а вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 21 ноември, доколку е потребно.

Би можело да ве интересира

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Банда на Хаити пукаше кон демонстранти и уби седум лица

Горан Наумовски