Аргументи за и против теоријата дека авионот на Пригожин е соборен со ракета

Од:

Жителите на регионот Твер го снимиле падот на авионот во кој, се претпоставува, бил и Евгениј Пригожин. Очигледно е дека пилотот изгубил контрола и дека авионот бил во слободен пад. Во исто време, судејќи по звукот, барем еден мотор продолжува да работи, облак од чад останува зад авионот. Некои делови, како што се крилјата и опашката, паднале одделно.

Сето ова јасно укажува дека на падот му претходела експлозија, пишува независниот руски медиум Медуза во својата збирна анализа на несреќата. Останува само едно прашање: дали експлозијата се случила внатре во авионот или надвор од него, односно како резултат на удар на проектил?

Претставници на руската Федерална агенција за воздушен транспорт наводно веќе тврдат дека имало експлозија во авионот, односно дека не бил соборен. Според други извори, се разгледуваат сите опции.

Постојат аргументи против оваа верзија:

На едно од видеата се гледа облак кој наликува на трага од противвоздушна ракета. Очевидци на видеото зборуваат за две експлозии кои му претходеле на падот. Лансирањето на две ракети за противвоздушна одбрана на иста цел е стандардна практика која ја зголемува веројатноста за погодување на целта.

На некои делови од леталото се видливи траги слични на дупките кои се создаваат при удар на противвоздушна ракета. Но, резолуцијата на фотографијата е мала, па затоа е невозможно точно да се процени природата на трагите. На остатоците кои се распаднале од леталото нема траги.

Постојат и аргументи во корист на внатрешната експлозија:

Според Flightradar24, авионот се искачил на височина од 28.000 стапки (повеќе од 8,5 километри) пред да се урне. Не сите системи за противвоздушна одбрана можат да соборат авион на таква височина. Затоа, веднаш може да се отфрли теоријата дека авионот бил нападнат со преносни противвоздушни ракетни системи (кои теоретски би можеле да ги користат диверзантите) па дури и со системи за противвоздушна одбрана со краток дострел. Најмалку, потребен е систем со среден дострел (на пр. Бук), кој треба да се наоѓа блиску до рутата по која лета леталото.

Моќните проектили на таквите системи би предизвикале многу посериозно оштетување на леталото отколку што се гледа на видеата: во случај на удар од боева глава од 70 килограми, авион со оваа големина веројатно би се распаднал на многу поголем број фрагменти.

Прашањето за причината за експлозијата има очигледни политички импликации. Ако авионот бил соборен со противвоздушна ракета, тогаш ќе може недвосмислено да се зборува за вмешаност на руските безбедносни сили. Експлозијата во внатрешноста ги дозволува речиси сите верзии, а не ја исклучува евентуалната вмешаност на руските власти.

Според правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), несреќата треба да ја истражи локалната власт, во случајот на Русија Меѓународниот авијациски комитет, со учество на производителот на авионот, бразилската Embraer SA.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски