Аргентинската претседателка повика на преговори со Велика Британија за спорот околу Фолкландските острови

Од:

Аргентинската претседателка Кристина Фернандес се заложи за преговори со Велика Британија во спорот за Фолкландските острови, во Аргентина познати како Малвински, пренесоа британските медиуми.

Фернандес повикот го објави денеска во британскиот печат преку отворено писмо до британскиот премиер Дејвид Камерон.

Аргентина и Велика Британија во 1982 година ја водеа 10-неделната војна за островите, што се наоѓаат во јужниот дел на Атлантскиот океан и влегуваат во составот на британските самоуправувачки надворешнопоморски територии.

Во писмото Фернандес ја обвини Велика Британија за прекршување на резолуциите на ОН, кои ги повикуваат двете земји да преговараат за надминување на спорот за островите.

-Прашањето за Малвинските острови е исто така кауза, прегрната од Латинска Америка и од огромно мнозинство народи и влади низ светот, кои го отфрлуваат колонијализмот, изјави таа.

Британското Министерство за надворешни работи го отфрли нејзиниот повик за преговори, придржувајќи се кон одамна утврдената позиција на Лондон дека приближно 3.000-те жители на островите избрале да бидат Британци.

-Во оваа расправа има три страни, не само две, како што милува да каже Аргентина. Жителите на островите не можат едноставно да бидат избришани од историјата, наведе министерството.

Според него, „не може да има преговори за суверенитетот на Фолкландските острови, освен ако и додека жителите на островите тоа не го посакаат“, изјави министерството.

Жителите на островите годинава треба да гласаат на референдум за тоа дали сакаат да останат дел од самоуправувачките надворешнопоморски територии на Велика Британија. Се очекува огромно мнозинство од нив да го поддржат зачувувањето на постојната положба.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето