Аргентинската претседателка обнови барање за суверенитет над Фокландите

Од:

Аргентинската претседателка Кристина Фернандес де Кирхнер ги обнови синоќа во ОН барањата на својата држава за суверенитет над Фокландските Острови.

На состанок на СБ на ОН таа ја повика Британија на преговори за иднината на фокландскиот архипелаг.

Фернандес рече дека Аргентина „сака да биде применета резолуција на ОН“, алудирајќи на резолуцијата 2065 од 1965 година со која на двете страни (Аргентина и Британија) им се апелира да преговараат.

Аргентина стана членка на СБ на ОН во јануари на период од две години.

– Мора да пронајдеме консензус и да го сочуваме мирот, нагласи аргентинската претседателка.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот