Аргентина со најава за тужба до Меѓународниот суд во Хаг по присилната наплата на дел од долгот

Од:

Аргентинската влада ги обвинува САД за „присилната наплата“ на 1,3 милијарди долари од нејзиниот долг и најави тужба до Меѓународниот суд во Хаг.

Шефот на владиниот кабинет,Хорхе Капитанич изјави во Буенос Аирес дека Аргентина ја испитува можноста за покренување постапка пред Судот, откако земјата мораше да прогласи „неликвидност“.

Изјавата на Капитанич доаѓа непосредно по неуспехот на разговорите во Њујорк,меѓу аргентинската влада и претставниците на американските хеџ фондови кои побараа исплата на сите 1,3 милијарда долари за аргентинските државни обврзнци, што тие ги поседуваат, за дел од долгот на земјата.

Еден американски суд,претходно,пресуди дека Аргентина ќе мора да го исплати целиот износ, до средата на полноќ по американско време, доколку двете страни не најдат компромисно решение.

Овие инвестициони фондови имаат купено околу една третина од долгот на Аргентина,за како што се вели „мали пари“ во време кога земјата се наоѓаше во претходната финансиско-должничка криза, во периодот меѓу 2001 и 2002 година. Инвеститорите никогаш не се согласиле за реструктирање на долговите,како што тоа го прифатиле и го направиле другите сопственици на аргентинските државни обврзници, кои поседуваат 70 отсто од долгот на оваа јужноамериканска земја.

Барањето на хеџ фондовите за итна исплата на обврзниците што ги поседуваат,доаѓа во време кога Аргентина и нејзината економија одново се соочуваат со криза, проследена со силна рецесија и забрзан раст на инфлацијата. Инвеститорите стравуваат од можното продлабочување на кризата, па плашејќи се дека ќе загубат ако и натаму ги чуваат аргентинските обврзнци, побараа од Буенос Аирес наплата на 1,3 милијарди долари.

Левичарскиот аргентински претседател Кристина Кирхнер, ги нарече американските хеџ фондови „мршојадци“ обвинувајќи ги дека ја користат сегашната криза во земјата, за да си обезбедат профит за себе.

Проблемите за Аргентина ќе бидат многу потешки ако и другите инвеститори кои имаат аргентински обврзници не се исплашат и побараат наплата на долговите. Тоа би предизвикала целосна финански блокада,комплетна неликвидност на земјата и прогласување на „технички“ банкрот.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија