Аргентина: Референдумот на Малвинските Острови нема да стави крај на спорот за суверенитет

Од:

Референдумот за самоопределување на Малвинските Острови (Британците ги викаат – Фокландски) организиран од британските власти, нема да стави крај на спорот за суверенитетот, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи.

Според властите во Буенос Аирес, кои претендираат за суверенитет врз островите што се на 400 км. од брегот на државата, организирањето референдум в недела и понеделник, е „британски обид за манипулација“.

ОН повика двете страни да почнат преговори, а Буенос Аирес упати осуда за откажувањето на Лондон од таа иницијатива според кој архипелагот ќе остане британска територија.

Аргентина бара Лондон сериозно да ја преразгледа својата политика, се додава во соопштение на аргентинското МНР.

Триесет години по војната за тие острови (1982) во која загинаа над 900 луѓе, и откривањето нафта во крајот на 90-те години, само го изострија интересот кон островите. Во него живеат 2.500 луѓе, додека распоредени се и 1.300 војници. Островите биле под шпанска управа (1713-1816), аргентински (1816-1833) и од 1833 – британска управа.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот