Ареф: Иран нема да се откаже од Ормутскиот теснец по никоја цена

Од:

Иранскиот потпретседател Мохамед Реза Ареф изјави дека Ормутскиот теснец му припаѓа на Иран и дека Иран „нема да се откаже од него по никоја цена“.

– Ние нема да се откажеме од Ормутскиот теснец по никоја цена. Ормутскиот теснец пред сè ни припаѓа нам. Тој отсекогаш бил наш имот, иако некое време не го користевме добро она што ни припаѓаше, рече Ареф.

Ормутскиот теснец е широк 21 наутички милји во најтесната точка, а според Конвенцијата на Обединетите нации за морското право, која Иран ја потпиша, но не ја ратификуваше, крајбрежните држави можат да бараат територијални води што се протегаат 12 наутички милји од нивните брегови.

Иран воведе блокада на Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од меѓународниот извоз на нафта и течен природен гас, во март откако САД и Израел започнаа напад врз Иран на 28 февруари. Иранските медиуми претходно денес објавија дека се направени подготовки за олеснување на преминот на кинеските бродови низ Ормутскиот теснец.

Новинската агенција „Тасним“ објави дека е договорено на неколку кинески бродови да им биде дозволено да поминат низ водниот пат по барање на Пекинг, откако е постигнат договор за протоколите за управување со Ормутскиот теснец, и дека нивниот транзит започнал синоќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

А1он

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок