АРД: Десетици воени злосторници меѓу бегалците во Германија

Од:

Германската полиција проверува информации за десетици потенцијални воени злосторници, кои во земјата влегле како бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин.

Досега, според германската државна телевизија АРД, се спроведени 13 истраги за воени злосторства, а еден осомничен за воени злосторник е уапсен.

Германската криминалистичка полиција (БКА) дневно прима меѓу 25 и 30 извештаи за воени злосторства извршени од лица кои како бегалците пристигнале во Германија.

Експертите на БКА од одделот за воени злосторства за весникот „Хесише рундфунк“ тврдат дека тие не се подготвени за масовен прием на информации и дека за да можат да ги обработат сите информации од бегалците, потребни им се дополнителни вработени.

Досега околу 2.800 бегалци сведочеле за воени злосторства пред германските истражители од кои најголем дел се дадени за време на интервјуата што азилантите ги имаат во Федералната канцеларија за миграција и бегалци кога бараат азил.

Според БКА, само мал дел од изјавите се поткрепени со докази како фотографии или други сведоци, а голем дел од инфорамциите се само озборувања кои не можат да се докажат.

Врз основа на овие сведочења досега е уапсен еден сириски државјанин, кој имал командна одговорност во вооружена формација во Алепо. Уапсениот 41-годишен Сириец предводел 150 члена група, која била дел од бунтовничката Слободната сириска Армија и која од 2012 година вршела кражби во градот Алепо.

Во неговото обвинение стои дека учествувал во туртура врз неколку затвореници, а дека во два случаи лично измачувал луѓе за чие ослободување барал откуп.

Предходно на социјалните мрежи во многу европски земји се појавија информации за луѓе кои сега се прикажани како бегалци, а кои предходно биле дел од вооружени формации во Сирија и Ирак. За дел од нив се појавија и фотографии по што станаа цел на истраги на западните служби, но најголем дел успешно се регистрирани во центрите за бегалци и во недостиг на докази за евентуални злосторства имаат можност да останат неказнети.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он