Министрите за надворешни работи на арапските земји вчера го поддржаа планот Палестинците шпвторно да поднесат предлог-резолуиција до Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се бара повлекување на Израел од окупираните територии до крајот на 2017 година.
Слична резолуциај не беше усвоена на 30 декември, а палестинскиот претседател Махмуд Абас одлучи повторно да се обиде.
Во претходниот документ се бараше преговори засновани на границите пред војната од 1967 година, кога Израел ги освои Западен Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим. Мировниот договор требаше да се постигне за 12 месеци.