Арапската лига и ОИК повикаа на примирје во Сирија за време на Бајрам

Од:

Генералниот секретар на Арапската лига, Небил ел-Араби и генералниот секретар на Организацијата на исламска конференција (ОИК), Екмеледин Ихсаноглу, упатија заеднички апел до спротивставените страни во Сирија да прогласат примирје за време на Рамазан бајрам, за да му овозможат на сирискиот народ во мир да ги помине празничните денови.

Во заедничката изјава на првите луѓе на Арапската лига и на ОИК се нагласува дека желба на арапската и на меѓународната заедница е да се постигне политичко решение за сириското прашање кое ќе ја испочитува волјата на народот на земјата.

Истакнувајќи дека прифаќањето прекин на огнот би било сигнал за позитивен став за изнаоѓање политичко решение на сириското прашање, во заедничката изјава се нагласува дека примирјето би им овозможило на хуманитарните организации да достават храна и помош во најзагрозените делови на Сирија.

Во меѓу време, опозицискиот сириски Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека во „напади на владините сили ширум Сирија“ во изминатите 24 часа загинале 106 цивили.

Центарот исто така потврди дека владините сили синоќа во целост презеле контрола врз населбата Халидие во центарот на Хомс, која досега ја контролираа бунтовниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети