Арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, прогласи крај на воената операција во Јемен

Од:

Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија соопшти дека на полноќ ќе ги прекине бомбардирањата во Јемен, каде ги постигна своите воени цели и од утре почнува со нова операција под називот „Да ја вратиме надежта“, пренесоа светските агенции, цитирајќи ја саудиската телевизија „Арабија“.

Интервенцијата во Јемен ги отстрани заканите кои тежеа над Саудиска Арабија и нејзините соседи и сега коалицијата ќе ги насочи своите напори кон борбата со тероризмот, подобрување на безбедноста, давањето помош и изноѓањето политичко решение на кризата во Јемен, се наведува во соопштението што вечерва беше емитувано на телевизијата „Арабија“.

Новата мисија, освен тоа, ќе има за цел да ги штити цивилите и да им се спротивставува на вооружените милиции на племето Хуси, се посочува во декларацијата.

-Коалицијата и натаму нема да дозволува придвижување и преземање на какви и да било активности на милициите Хуси во Јемен, изјави во Ријад саудискиот генерал Ахмед Асери.

Според британските медиуми, тоа значи дека воените дејствија на
муслиманските сунитски држави против шиитските бунтовници, кои се во сојузништво со Иран, може да продолжат и покрај прогласениот крај на воената операција „Решителна бура“, што почна на 26 март. 

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија