Аракчи: Три европски земји лажно го обвинија Иран за кршење на заштитните мерки

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека три европски земји презеле пристрасни мерки против Иран во Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и дека „лажно го обвиниле“ Иран за кршење на мерките што го ограничуваат процесот на збогатување на ураниум, што, како што оцени, јасно е насочено кон создавање криза.

„Наместо да се ангажираат во добра намера, трите европски земји (Е3) презедоа пристрасни мерки против Иран во Одборот на гувернери на МААЕ. Кога овие три земји го усвоија истото погрешно однесување во 2005 година, резултатот во многу погледи беше вистинско раѓање на збогатувањето на ураниум во Иран. Дали трите европски земји навистина не научија никакви лекции во текот на изминатите две децении“, напиша Аракчи во објава на платформата X, според ИРНА.

Аракчи додаде дека „лажното обвинување на Иран за кршење на заштитните мерки, врз основа на слаби и политизирани извештаи, јасно е насочено кон создавање криза“.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД