Аракчи: САД извршија злосторство, ќе се покајат горчливо за преседанот

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека САД ја нападнале иранската фрегата „Дена“.

Тој рече дека фрегатата Дена имала околу 130 морнари и била гостин на индиската морнарица, во меѓународни води без претходно предупредување, објави Ројтерс.

– САД извршија злосторство на море, 2.000 милји од иранскиот брег. Запомнете ги моите зборови: САД горчливо ќе се покаат за преседанот што го направија, напиша Аракчи на X.

Нападот од американска подморница погоди ирански брод покрај јужниот брег на Шри Ланка, две илјади километри од Ормутскиот залив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хемиска фабрика погодена во Израел, прогласен е „инцидент со опасни материи“

Смртта на ајатолахот Хамнеи може да ја промени нуклеарната доктрина на Иран

Тежок удар за САД: Иран уништи клучен авион AWACS

Иран: Подготвени сме за американските трупи, ќе ги запалиме

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пентагон се подготвува за повеќенедели копнени операции во Иран, пишува Вашингтон Пост