Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес предупреди дека нападите на САД и Израел врз иранските нуклеарни постројки би можеле да го изложат целиот регион на зрачење и повика на итна меѓународна акција.
Во писмо до генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, членовите на Советот за безбедност и генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, Аракчи рече дека континуираните напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран претставуваат сериозни ризици за животната средина и здравјето на луѓето, објави ИРНА.
„Овие нелегални напади го изложуваат целиот регион на сериозна опасност од контаминација со зрачење, што може да има сериозни последици по здравјето на луѓето и животната средина, и затоа не треба да се игнорираат“, рече тој во писмото.
