Аракчи: Иран сега е во подобра ситуација отколку во војната со Израел

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран сега е во подобра одбранбена позиција отколку што беше во војната со Израел минатиот јуни и дека е подготвен повторно да го нападне Израел со ракети доколку биде нападнат.

Аракчи за Си-Би-Ес изјави дека Иран имал проблем со својата воздушна одбрана минатата година, но дека Израелците исто така имале проблем со својата воздушна одбрана, која им дозволувала на иранските ракети да погодуваат цели во Израел.

„Тие ја започнаа војната, но по 12 дена побараа прекин на огнот, безусловно прекин на огнот“, тврди Аракчи.

Аракчи рече дека Израел побарал прекин на огнот затоа што не можел да се одбрани од иранските ракети.

– Значи, имаме многу добар ракетен капацитет, а сега сме дури и во подобра ситуација отколку во претходната војна, рече Аракчи, тврдејќи дека иранските ракети погодуваат цели многу прецизно.

Би можело да ве интересира

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Ердоган му порача на Пезешкијан: Разговорите меѓу САД и Иран треба да се искористат максимално

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран