Аракчи: Иран не постави препреки во Ормутскиот теснец

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран не создал никакви пречки за пловидба низ Ормутскиот теснец и ги обвини САД за предизвикување блокада во регионот.

„Ормутскиот теснец е отворен за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили“, рече Аракчи во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, објави новинската агенција Тасним.

Тој оцени дека теснецот во моментов „страда повеќе од сè од американската агресија и блокадата што му ја наметна Америка“. „Ние не создадовме никакви пречки! Америка е таа што ја создаде блокадата“, рече иранскиот министер за надворешни работи.

Аракчи изрази надеж дека ситуацијата ќе се реши со укинување на она што го нарече „нелегална блокада“ наметната од САД.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација