Аракчи: Иран не ги отфрли разговорите во Исламабад

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес повика да се обезбедат услови за конечно и трајно завршување на „нелегалната војна наметната врз Иран“.

– Она што нè интересира се условите за конечно и трајно завршување на нелегалната војна што ни е наметната, изјави иранскиот министер за надворешни работи во соопштението на X.

Аракчи рече дека американските медиуми погрешно ги претставуваат ставовите на Иран, нагласувајќи дека иранската влада останува „длабоко благодарна на Пакистан и никогаш не одбила да го посети Исламабад“.

Порано денес, Аракчи рече дека тврдењата дека Иран преговара со некого не се вистинити, додавајќи дека сите пораки се разменуваат преку иранското Министерство за надворешни работи, а не преку безбедносните агенции, рече Аракчи.

„Добив пораки директно од (специјалниот претставник на САД, Стив) Виткоф, но тоа не значи дека преговараме“, рече Аракчи, објави Ал Џезира.

Тој истакна дека официјален Техеран не одговорил на ниту еден од 15-те американски предлози, ниту пак презентирал ирански предлози и услови.

„Нема конечна одлука за преговорите со САД. Јас сум резервиран во овој поглед“, рече Аракчи.

Би можело да ве интересира

Војната брутално влијае на Дубаи: „Имаме пари за да преживееме еден или два месеца, а што потоа?“

Келин ги откри тајните причини за нападот врз Иран

Иран соборува американски авиони со нов систем за воздушна одбрана

Трамп: Им остануваат уште 48 часа, потоа следи пекол

Тасним: Иран собори уште еден американско-израелски борбен авион

Медиуми: САД побараа прекин на огнот, Иран одби

Горан Наумовски