Арагчи: Војната ќе заврши на начин што никогаш повеќе нема да помислат да нè нападнат

Од:

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека неподготвеноста на Техеран да прекине со огнот не значи дека тие бараат војна.

– Оваа војна мора да заврши на начин што ќе осигури дека непријателите никогаш нема да помислат да ги повторат ваквите напади, нагласи Арагчи.

Тие сега видоа со каква нација имаат работа, таква што ќе се брани и ќе ја води оваа борба колку што е потребно, додаде иранскиот министер за надворешни работи.

Арагчи рече дека Ормутскиот теснец е „затворен за нашите непријатели“.

„По 15 дена војна, тие се обратија кон други за да ја обезбедат безбедноста на Ормутскиот теснец, барајќи помош од оние што до вчера ги сметаа за непријатели“, рече Арагчи.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД