Арагчи: Прекршувањето на прекинот на огнот e пречка, учеството во преговорите е неизвесно

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес му рече на својот пакистански колега, Ишак Дар, дека „континуираните кршења на прекинот на огнот“ од страна на Соединетите Американски Држави се главната пречка за продолжување на дипломатскиот процес, соопшти иранското министерство. Арагчи за време на телефонскиот разговор рече дека Иран, земајќи ги предвид сите аспекти на ситуацијата, подоцна ќе одлучи за понатамошните чекори.

Според новинската агенција Тасним, прашањето за поморската блокада е една од клучните пречки во преговорите, а овој став е пренесен преку пакистански медијатор, кој наводно го информирал американскиот претседател Доналд Трамп за тоа.

Иранската делегација смета дека разговорите се бесмислени доколку САД не го променат својот пристап и продолжат да пристапуваат кон преговорите со, како што велат, погрешни проценки што доведоа до неуспех во воената сфера, објави Тасним.

Затоа, Иран нема да учествува во „губење време“ или „американски политички театар“ сè додека не се отстранат клучните пречки и не се појави јасна перспектива за постигнување прифатлив договор.

Би можело да ве интересира

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ