Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека ракетните способности на Иран се значаен потпора во дипломатијата со Западот, велејќи дека без оваа моќ ниту една земја не би била подготвена да преговара со Иран за неговата нуклеарна енергетска програма.

Арагчи за иранската новинска агенција Тасним изјави дека дипломатијата се води врз основа на моќ и фактори за градење моќ, како што се ракетните способности.

„Повеќе пати сум кажал и цврсто верувам дека да не беа нашите ракетни способности, никој воопшто не би преговарал со нас нас“, кажа Арагчи.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски