АП: Белорусите стравуваат дека Москва ќе ги принуди во војна против Украина

Од:

Во Белорусија се зголемуваат стравувањата дека Москва го турка својот близок сојузник директно да се вклучи во борбите во Украина, пренесува АП, додавајќи дека Белорусите се поканети да учествуваат во воена обука.

„Руските сили се веќе во Белорусија, гледам дека земјата полека се претвора во касарна“, изјави за АП Руслан, инженер кој неодамна добил покана за воена обука во главниот град Минск. Тој не сакаше да го каже своето презиме бидејќи е загрижен за својата безбедност.

Белорусите се плашат дека Москва нема да им дозволи долго да ја гледаат војната оддалеку, наведува АП. Белорускиот диктатор Александар Лукашенко, да потсетиме, се потпираше на Кремљ за политичка и економска поддршка со месеци додека земјата беше потресена од масовни протести поради наместени избори.

Неодамна во Минск беше формирана единица за противвоздушна одбрана, која вклучува и руски ракетни сили, се верува. Претходно овој месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети граничарите во северозападниот регион Волин, кој граничи со Белорусија. Во таа прилика тој порача дека Украина „мора да биде подготвена“ за евентуална инвазија од Белорусија.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР