Анжеј Дуда е новиот полски претседател

Од:

Опозицискиот кандидат Анжеј Дуда го победи досегашниот претседател Бронислав Коморовски во вториот круг од претседателскитре избори во Полска, покажуваат резултатите од излезните анкети, објавени од ИПСОС.

Дуда победи во вториот круг со 53 отсто од гласовите, додека Коморовски освои 47 отсто.

Победата на 43 годишниот правник официјално треба да биде потврдена денеска, кога ќе бидат објавени конечните резултати.

Дуда го победи Коморовски во првиот круг со 34,76, наспроти 33,77 отсто од гласовите, но не успеа да ги усвои потребните 50 отсто плус еден глас.

Повеќето анкети спроведени пред изборите покажуваа дека Коморовски има предност пред Дуда и самиот тој очекуваше дека ќе добие втор петгодишен мандат.

Полјаците поради смрт на избирачко место вчера чекаа час и половина подолго за првите проценки од изборите. Во местото Ковале во југозападна Полска синоќа на избирачкото место почина една 80-годишна старица, во моментот кога го зела гласачкото ливче. Поради тоа Државната изборна комисија го продолжи изборниот молк до 22:30 часот по локално време.

Коморовски (62) стана претседател пред пет години, откако тогашниот шеф на државата Лех Качински загина во авионска несреќа. Тој беше кандидат на владејачката Граѓанска платформа, а негова главна парола во текот на претседателската кампања беше „Полска на слогата и стабилноста“.

Коморовски многумина го сметаа за стабилен кандидат, кој безбедно ќе владее со Полска во овој кризен период, предизвикан од конфликтот во соседна Украина. Тој е цврст поддржувач на ЕУ и се смета за многу попрогресивен во однос на социјалните прашања од неговиот помлад политички опонент Дуда, кој е против абортусот, инвитро третманот и истополовите бракови.

Дуда е кандидат на опозициската конзервативна партија Право и правда, која беше предводена од братот близнак на поранешниот претседател Лех Качински, Јарослав Качински. Четириесет и три годишниот правник, европратеник Дуда е умерен евроскептик.

Во првиот круг од изборите Дуда привлече поддржувачи од поконзервативните источни региони на земјата, во близина на границата со Украина и Белорусија.

Претседателските избори се одржуваат пред парламентарните закажани за оваа есен. Овие избори се сметаат за тест пред парламентарните на есен кога ќе бидат одмерени силите меѓу либералите од Граѓанската платформа на поранешниот премиер, сега претседател на Европскиот совет Доналд Туск и конзервативците со економска програма на левицата од Право и правда на браќата Качински.

Би можело да ве интересира

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Олександр Усик е уапсен на аеродромот во Краков

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

Европа под вода, во Краков е најавена вонредна состојба

A1on

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани