Антивладини студентски протести во Полска

Од:

Повеќе стотина студенти вчера протестираа во Варшава и другите полски градови против Владата, а меѓу нивните барања се подобри врски со Европска унија и заштита на екологијата.

Студентите ја осудија реформата на образовниот систем, што неодамна беше изгласана во Парламентот, со што се укинува средното училиште и се враќа поранешниот систем од осум години основно образование, а потоа следи виша школа или изучување занает.

Полската Влада оцени дека моменталниот образовен систем не функционира добро и оти децата се чувствуваат посигурно по долгиот престој во основните училишта.

Критичарите оценуваат дека Владата ги користи промените како изговор за воведување на понационалистичка образовна програма, која ќе биде насочена на историјата, а помалку на науката.

Пред демонстрациите, кои се одржани во Познањ и Вроцлав, студентите објавија манифест со своите барања. Тие се против ерозија на независноста на правниот систем и истакнуваат дека сакаат да живеат во држава која го почитува владеењето на законот и не е меѓународно изолирана.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата