Стотици граѓани денеска протестираа во главниот град на Непал, Катманду, незадоволни од начинот на кој Владата се справува со епидемијата со новиот коронавирус.
Протестот продолжи и откако полицијата почна да приведува демонстранти.
По регистрирањето на првиот случај на Ковид-19 во март, Владата на Непал воведе строги вонредни мерки, но бројот на инфицирани лица достигна 5.062, од кои 16 луѓе починаа.
– Приведените се странци бидејќи се мешаат во внатрешните работи на Непал, изјави денеска претставникот на полицијата Басант Лама.
Непалската полиција минатата недела ги растера демонстрантите кои протестираа во близина на премиерската резиденција поради лошите услови во карантините. Демонстрантите тврдеа дека во објектите за карантин нема вода за пиење, а санитариите не се безбедни.