Анонимуси открија идентитетот на членови на Кју Клукс Кланот

Од:

Хакерската група Анонимуси соопшти дека открила детали за идентитетот на околу илјада лица, осомничени дека се симпатизери на расистичкиот американски Кју Клукс Клан (ККК).

Ваквиот потег, групата го објаснува како „еден вид отпор кон расизмот“ во САД и како израз на спротивставување на расистичкото насилство.

Кланот, кој заговара супремација на белците, минатата година се закани дека ќе употреби „смртоносна сила“ против сите оние кои демонстрираа со осуда на убиството на младиот Афроамериканец Мајкл Браун во градот Фергусон во сојузната држава Мисури.

Првата листа на осомнчени симпатизери на ККК, што се појави на почетокот од оваа недела, се покажа дека била лажна.

Новата листа содржи детали од профилот на „симпатизерите на Кју Клукс Кланот што се наоѓаат на Фејсбук и на Гугл“, велат Анонимуси.

Оваа група, чии припадници исто така го кријат својот идентитет носејќи маски, тврди дека до профилот и идентитетот на тајните симпатизери на ККК не дошле со помош на хакирање, како што тоа го прават обично, туку со користење на човековата интелигенција.

Припадниците на Анонимуси со своите препознатливи „Гвидо“ маски излегоа на улиците во Сент Луис и низ градовите на САД, протестирајќи против одлуката на Големата порота на Мисури да не се покрене постапка за одговорност против полицаецот белец, кој го застрела Браун во текот на потерата низ Фергусон, откако црнечкиот тинејџер изврши грабеж на една локална продавница.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија