Лични податоци на најмалку 100.000 лица се обелоденети во јавноста по неодамнешниот хакерски напад на компјутерскиот систем на канцеларијата на јужнокорејскиот претседател, соопштено е од претседателството на Јужна Кореја.
Иако информациите за високите официјални лица содржат имиња, датуми на раѓање, матични броеви, адреси и броеви на мобилни телефони, сепак хакерите не успејаа да ги обелоденат и нивните пристапните шифри и регистарски броеви.
Тие на 25-ти јуни на годишнината од почетокот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, ги нападнаа веб сајтовите на претседателските канцеларии, на неколку владини агенции и медиумски организации.
Групата „Анонимуси“ ја презеде одговорноста за овој хакерски напад.
Елена Георгиевска