Активистите кои себеси се нарекуваат „Анонимуси“ во знак на сајбер одмазда, бидејќи полицијата минатата недела ги заплени серверите на сајтот „Пајрат беј“, ги хакираа меиловите на официјални лица од шведската влада.
Оваа група исто така тврди дека извршила упад и во мејловите на израелската, индиската, бразилска, аргентинска и мексиканска влада, пренесе „Русија денес“.
„Анонимуси“ им оставиле порака на хакираните официјални лица со која им ги честитаат Божиќ и Нова година.
Инаку ова не е прв хакеркси напад по заплена на серверот „Пајрат беј“. Во петок беше хакиран шведскиот интернет гигант„Телиа“.
– Сите хакирања кои се случуваат во последните неколку дена се поврзани со незадоволството поради плициската рација во „Пајрат беј“- изјави Дејвид Јакоби, шеф на истражувачкиот тим во интернет лабораторијата „Касперски“.
Е. Г.