Анкета: Земан води пред Шварценберг во трката за претседател на Чешка

Од:

Според најновите анкети на компанијата „Ппм фактум”, во вториот круг на претседателските избори во Чешка предност има кандидатот Милош Земан пред Карел Шварценберг, јави дописникот на МИА од Прага.

Истражувањата покажуваат дека Земан, поранешниот премиер и екс претседател на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) би добил 53,7 проценти гласови, додека за актуелниот шеф на чешката дипломатија Шварценберг би гласале 46,3 проценти од избирачите.

Според аналитичарите, сепак шансите на двајцата кандидати се изедначени, бидејќи само 54 проценти од регистрираните гласачи се дефинитивно одлучени за кого ќе гласаат.

– Поддршката на Милош Земан потекнува од поддржувачите на левичарските партии. Карел Шварценберг има поддршка од симпатизерите на десничарски парламентарни партии и мнозинство вонпарламентарни, а исто така и граѓани кои не знаат на која партија би го дале гласот, се вели во Извештајот на агенцијата.

Во второто коло се предвидува дека ќе гласаат 62,5 проценти од гласачите, што е слично како во првиот круг кога излезноста беше 61 проценти.

Во првиот круг на изборите за претседател на Чешка, кои се одржаа на 11 и 12  јануари највеќе гласови, 24,2 проценти, освои Земан.

Изненадување беше Шварценберг, кој освои 23,4 отсто од гласовите и влезе во вториот круг.

Претходните анкети покажуваа дека на второ место е кандидатот Јан Фишер, поранешен претседател на техничката Влада, кој во првите два дена гласање  заврши на трето место меѓу вкупно деветте кандидати за претседател.
Вториот круг, ќе се одржи на 25 и 26 јануари.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица