За излегувањето на Велика Британија од Европската унија на претстојниот референдум се подготвени да гласаат 43 проценти од Британците. Тоа го покажува анкетата на социолошката агенција „Опиниам”, спроведена за потребите на весникот „Обзервер”, пренесе ТАСС.
Во податоците се наведува дека 39 проценти од испитаниците се за тоа Лондон да не ги прекинува односите со Брисел. Социолозите забележуваат дека одлучувачки останува гласот на оние кои се уште не се определиле во однос на ова прашање, а тие се 18 проценти. Вкупно во истражувањето учествувале 2000 илјади луѓе, а тоа е спроведено меѓу 29 и 1 март.
Во јануари, при слично истражување на истата социолошка агенција, евроскептиците имаа мала предност пред приврзаниците на останувањето на Британија во ЕУ – 41 отсто наспроти 40 проценти.
Социолозите посочија дека Британците се незадоволни првенствено од зголемениот бран на економски мигранти од земјите од Унијата.