Анкета: Првпат мнозинството Швеѓани поддржуваат членство во НАТО

Од:

Резултатите од најновата анкета на шведскиот весник Афтонбладет покажуваат дека 51 отсто од Швеѓаните се за влез во НАТО, додека нивниот процент во јануари бил 42. Против се изјасниле 27 отсто, што е за десет проценти помалку од јануари.

Анкетата е реализирана по руската инвазија врз Украина. Шведска не војувала од 1814 година и својата надворешна политика ја заснова на „неучество во воени сојузи“. Земјата беше неутрална во Втората светска војна и за време на Студената војна.

Првпат поголемиот број Швеѓани да се изјаснат за членство во Северноатлантската алијанса. Но, шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист истакна дека пристапувањето во НАТО не е лесна одлука и не треба да се избрзува со оглед на неодамнешните настани.

– Промената на одбранбената доктрина е многу голема одлука, таа не се носи преку ноќ и не само поради анкетите, изјави Хултквист во Копенхаген, каде што имаше средба со данскиот и британскиот колега.

Шведска и Финска иако не се членки на Алијансата тесно соработуваат со НАТО и нивни претставници беа поканети на неодамнешните самити. Претходно, Русија ја предупреди Шведска да не се зачленува во Алијансата.

Шведска одлучи и да испрати оружје во Украина. Првпат од 1939 година Стокхолм испраќа оружје на земја што е во војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година