Анкета: Повеќето Британци го поддржуваат останувањето на земјата во ЕУ

Од:

Повеќето Британци го поддржуваат останувањето на земјата во Европската унија, покажува истражувањето на јавното мислење, објавено пред референдумот по ова прашање, кој треба да се одржи на 23 јуни.

Четириесет и четири проценти од учесниците во анкетата на Институтот „Опиниум“, спроведена по нарачка на британскиот неделник „Обзервер“ се изјаснија за останување на земјата во ЕУ, додека 42 отсто се изјаснија за излегување од Унијата.

Тринаесет проценти од анкетираните не одлучиле како ќе гласаат на референдумот.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство