Анкета: Половина од Чесите незадоволни од претседателот на државата

Од:

По само 100 дена од стапувањето на функцијата на чешкиот претседател Милош Земан, речиси половина од граѓаните не се задоволни од неговата работа, јави дописникот на МИА од Прага.

Според истражувањето на СТЕМ/МАРК, анкетираните го оценувале претседателот како во училиште и тој не добил ниедна оценка повисока од четворка. Најдобра просечна оценка, Земан добил за употреба на претседателските овластувања, додека најниска за репрезентирање во јавноста.

Во врска со неодамнешната случка, кога при отворање на Изложба на кралски накит се шпекулираше дека Земан кој едвај се држеше на нозе е пијан, а од Кабинетот изјавија дека имал вироза, три четвртини од Чесите не веруваат во објаснувањето.

Со работата на претседателот се задоволни 47 процент од населението и тоа особено луѓе постари од 60 години, со пониско образование, од помалите градови и општини. Иако е голем процентот на луѓето кои го оценуваат делувањето на Земан негативно, сепак мнозинството му посакува да остане и да го оствар целиот петгодишен мандат.

Аналитичарите коментираат дека луѓето ги интересира како ќе се одвива мандатот на Земан.

– Јавноста оценува дека со претседателот, да се изразам вулгарно е забавно, вели директорот на агенцијата, Јан Тучек.

Во споредба со неговиот претходник Вацлав Клаус, Земан го преферираат само 20 проценти, а за Клаус речиси двојно повеќе, 38 проценти сметаат дека бил подобар шеф на државата.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица