Анкета на ЕЦФР: Мнозинството Европејци веруваат дека годинава Русија ќе ја нападне Украина

Од:

Во услови на брза ескалација на ситуацијата на руско-украинската граница и дипломатските напори и во пресрет на Минхенската безбедносна конференција викендов, Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) спроведе анкета на оваа тема.

Според паневропска анкета, нарачана преку Datapraxis, AnalytiQs и Dynata во Финска, Франција, Германија, Италија, Полска, Романија и Шведска, мнозинството анкетирани веруваат дека Русија ќе ја нападне Украина оваа година. Во секоја анкетирана земја – освен Финска (44 отсто) – мнозинството од испитаниците мислат дека Русија ќе ја нападне Украина оваа година. Одделно по земји, позитивен одговор на прашањето за можноста Русија да нападне дале 44 отсто од испитаниците во Финска, 51 процент во Франција, Германија (52 отсто), Италија (51 процент), Полска (73 отсто), Романија (64 проценти) и Шведска (55 отсто) .

ЕЦФР констатира и интересна генерациска поделба. Во Франција и Шведска, луѓето постари од 60 години се повеќе склони да сметаат дека инвазијата е веројатна, додека во Романија, Италија, Германија и Финска, најмладата генерација – луѓето родени по крајот на Студената војна – се групата луѓе кои сметаат дека тоа е најреално сценарио.

Европските граѓани сметаат дека НАТО и ЕУ треба да застанат во одбрана на Украина во случај на руска инвазија. Во сите анкетирани земји НАТО и ЕУ се сметаат за организации кои се најдобро позиционирани да ја одбранат Украина. Тојк процент, според анкетата во Финска е (56 отсто ЕУ / 59 отсто НАТО), Франција (53 отсто ЕУ / 55 НАТО), Германија (47отсто / 50отсто), Италија (64 отсто / 67 отсто), Полска (80 отсто / 79отсто), Романија (57 отсто / 63 отсто), Шведска (61 отсто ЕУ / 64 отсто НАТО).

На прашањето кому му веруваат да ги заштити интересите на граѓаните на ЕУ во случај на руска инвазија на Украина, најмалку половина од анкетираните во секоја земја – што се искачува на над 60 проценти во Полска, Шведска, Италија и Романија – веруваат во ЕУ да ги заштити. Во Шведска и Финска, испитаниците имаат поголема доверба во ЕУ отколку во НАТО (иако и за двете има мнозинство).

Европејците гледаат засилени „безбедносни закани“ за нивните земји кои се појавуваат како последица на ставот на Русија кон Украина. Мнозинството од анкетираните веруваат дека сегашниот став на Русија кон Украина претставува „голема безбедносна закана“ за нивната земја во областите на енергетска зависност, економија, миграција, кибер војна и воена акција.

Европејците ја гледаат енергетската зависност како нивни најзначаен заеднички предизвик во справувањето со Русија. Мнозинството во сите анкетирани земји, освен во Шведска (47 отсто), велат дека ставот на Русија кон Украина претставува безбедносна закана за нивната земја во таа област. Овој став е најизразен во Полска, каде 77 отсто од испитаниците го сметаат ставот на Русија кон Украина за голема безбедносна закана во областа на енергетската зависност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски