Анкета: Младите Пакистанци го претпочитаат шеријатот пред демократијата

Од:

 Бројот на млади Пакистанци кои сакаат земјата да се управува според законите на Исламот е поголем од оние кои се за демократско управување, покажуваат резултатите од истражувањето на Британскиот совет.

Денеска објавениот извештај покажува дека за 38 проценти од Пакистанците меѓу 18 и 29 години шеријатот е најдобриот политички систем за Пакистан. Околу 32 отсто од испитаниците го избрале управувањето на војската, додека поддршка за демократијата дале 29 проценти.

Помалку од една четвртина од младите Пакистанци сметаат дека тие или нивните семејства имаат добивки од демократијата. Резултатите од истражувањето доаѓаат непосредно пред парламентарните избори во Пакистан закажани на 11 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица